Достапни линкови

Либиската влада ги обвини НАТО силите за убиство на цивили


Уништени домови при НАТО напади

Уништени домови при НАТО напади

Владата во Либија ги обвини силите на НАТО за убиство на цивили за време на воздушните напади во близина на градот Злитен во западниот дел на земјата. Портпаролот на владата вели дека во вчерашните напади во близина на Злитен, се убиени 85 цивили, меѓу кои 33 деца. За либиските власти тое е „масакр“ врз цивилите. Либиската државна телевизија, прикажа снимки со тела на жртвите, како и повредени при нападите. Од НАТО не се веднаш достапни за коментар.
XS
SM
MD
LG