Достапни линкови

Ќе се анагажираат дополнителни полициски сили во Лондон


Британскиот премиер Дејвид Камерон, денеска рече дека неговата влада ќе направи се што е неопходно за враќање на редот по уличните насилствa во Британија. Камерон претседаваше на кризниот состанок, откако на улиците во Британија три ноќи по ред има немири , грабежи и подметнување на пожари.
Камерот рече дека ќе бидат ангажирани дополнитени полициски сили односно од 6.000 ќе се зголемат на 16.000 во Лондон.
Тој, исто така, вети дека сите оние кои се одговорни за грабежите и за подметнувањето на пожари ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Повеќе од 450 луѓе се уапсени во Лондон само во текот на изминатите три ноќи.
XS
SM
MD
LG