Достапни линкови

Различни прослави


Илинден во Крушево - Комити и фаланга.

Илинден во Крушево - Комити и фаланга.

Различна етничка историја, различни вредности и различни споменици, резултира со посебно прославување на празниците за Македонците и Албанците.

Кога ќе напишеме заедничка историја, ќе создадеме заеднички вредности и заеднички споменици, тогаш заеднички може да ги прославуваме, велат нашите соговорници, Мирјана Малеска и Ким Мехмети, како коментар на посебното славење на празниците и значајните датуми за Македонците и на Албанците.
Од друга страна ние за да славиме заеднички денови, треба да имаме и заеднички споменици. Вие погледнете што се случува од 2001 година, секој гради споменици на својот херој, но немате никаде ниту еден споменик кој што ќе биде за сите жртви од 2001 година. Така се гради заедничка историја.

Аналитичарот Ким Мехмети вели дека Македонија има етнички истории на Македонците и на Албанците. Кога ќе напишеме заедничка историја, ќе може заеднички да ја славиме, вели тој.

„Од друга страна ние за да славиме заеднички денови, треба да имаме и заеднички споменици. Вие погледнете што се случува од 2001 година, секој гради споменици на својот херој, но немате никаде ниту еден споменик кој што ќе биде за сите жртви од 2001 година. Така се гради заедничка историја, заедничка историја не се гради со споменици во центарот на Скопје каде што го имате споменикот на бранителите, но го немате споменикот на ослободителите-Албанци, на паднатите од албанската страна. Така таа двоетничка историја на Македонија и оневозможува да има една заедничка историја.“

Професор Мирјана Малеска вели дека имало и полоши ситуации, па во однос на тоа ова може да се смета за напредок. Сепак, мене ме загрижува насоката во која се движиме, вели таа.

Рамковниот договор, дури сега почнува да се одбележува заеднички.

„Ништо заеднички не успеавме да направиме, да се обединиме околу некои модерни вредности, многу назад во историјата се враќаме и враќање многу во историјата ја затвора перспективата за заедничка иднина.“

Таа вели дека политичарите се уште ги користат меѓуетничките односи за печалење политички поени. Малеска вели дека помирувањето меѓу Македонците и Албанците не може да се постигне со амнестија на воените злосторства.

„Помирување не се постигнува со ваков закон за амнестија туку со индивидуализирање на вината. Оние кои беа виновни за тие десетина отепани албански граѓани требаше да се направи напор да се најдат кои се, а исто така и обратно, тие што отепаа цивили од македонска националност. Само индивидуализирање на вината може да доведе во повисок степен на помирување, инаку ќе се префрлуваме едни со други, „вие сте како народ виновни“, а не сме сите виновни, еднакво.“
Ништо заеднички не успеавме да направиме, да се обединиме околу некои модерни вредности, многу назад во историјата се враќаме и враќање многу во историјата ја затвора перспективата за заедничка иднина.

Министерот за одбрана, Фатмир Бесими, „поради службени обврски“ не присиствуваше на вчерашното одбележување на десетгодишнината од загинувањето на десетмина прилепски армиски резервисти кај Карпалак. Наместо него, присуствуваше заменик-министерот Емил Димитриев.

Додека целиот државен врв на Илинден славеше во Крушево или на Пелинце, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку интервју за косовска телевизија, испрати порака дека не може да гарантира мир во Македонија, ако се загрози суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

Државните знамиња и годинава за Илинден не беа истакнати на улиците на Тетово, а судејќи по телевизиските анкети, тетовци воопшто и не знаеја дека е празник.

Рамковниот договор, пак, дури сега почнува да се одбележува заеднички. Во првите пет години по потпишувањето, ДУИ организираше партиска прослава, а од 2006 одбележувањето премина во рацете на државата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG