Достапни линкови

Германија ја повика БиХ да формира Влада


Германија ќе го поддржи барањето на Босна и Херецеговина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, но само ако нејзините лидери формираат национална влада и почнат уставни реформи.
Босна е без национална влада од изборите минатиот октомври, а сите реформи, наложени од ЕУ за идната интеграција на нејзините две автономни составни делови - Хрватско-муслиманската федерација и Република Српска, се запрени.
Легитимно избраните претставници треба да преземат политичка одговорност за земјата, изјави германскиот министер за економска соработка и развој Дирк Нибел за време на посетата на Сараево.
XS
SM
MD
LG