Достапни линкови

logo-print

Злоупотреба на социјалните мрежи


Социјалните интеренет мрежи се повеќе се злоупотребуваат и стануваат средство за потикнување насилство губејќи ја својата демократска вредност.

Освен како средство за демократизација, социјалните интеренет мрежи се повеќе се злоупотребуваат. Експертите предупредуваат дека покрај тоа што истите предизвикуваат изолација кај личноста и негово затворање во виртуелниот свет, тие се повеќе се средство за поттикнување агресија и насилство. Така на пример во последно време на ваквите мрежи за дружење се појавуваат и групи кои бараат поддршка на лица кои се
Сето тоа е дел од тактика како една информација којашто почнала да преовладува и сега некој кој што има обратен интерес и не сака таа информација да биде преовладувачка, почнува да креира контра информации кои ќе се обидуваат да создадат дополнителен „шум“ за да може информацијата да не го носи значењето што на крајот треба да го донесе.

обвинети дека сториле кривични дела. Ова е дел од тактика, начин на кој едната страна се обидува да прикрие нешто, вели консултантот за нови медиуми Мите Кузевски, во интервју за Радио Слободна Европа.

„Сето тоа е дел од тактика како една информација којашто почнала да преовладува и сега некој кој што има обратен интерес и не сака таа информација да биде преовладувачка, почнува да креира контра информации кои ќе се обидуваат да создадат дополнителен „шум“ за да може информацијата да не го носи значењето што на крајот треба да го донесе.“

Социјалните мрежи полека ја губат својата демократска вредност, предупредува психологот Милка Ололовска.

„Денеска се повеќе ако направите некаков пресек ќе се сретнете со непостоење на емпатијата за личноста за која имаме поинаков став, ќе се сретнете со фаворизирање на насилство, на агресија, на создавање хаос, неред, немири.“

Виновни за ваквата состојба на духот се конкретната општествена ситуација, образовните институции, но и родителите кои дозволуваат нивните деца да поминуваат долго време пред компјутерите, велат експертите

Според Ололовска, луѓето кои го одобруваат неморалното, агресивното, неправедното однесување се профили на личности кои се лути и гневни, најчесто кон некоја општествена појава.

„Нема критериум за тоа што е прифатливо или неприфатливо, ако некои се лути на државата, на системот, на редот, сакаат на овој начин да ја казнат некако.“

Виновни за ваквата состојба на духот се конкретната општествена ситуација, образовните институции, но и родителите кои дозволуваат нивните деца да поминуваат долго време пред компјутерите, вели социологот Татјана Стојановска. Но, она на што таа укажува е потребата од повторно пронаоѓање на вистинските вредности на живеење.

„Денес имате класична ерозија на вредностите, имате криза на моралот, од една страна вредности кои беа етаблирани на врвот на таа вредносна скала сега се маргинализираа, а од друга страна вредностите кои што соодветствуваат со современиот начин на живеење се се уште неетаблирани.“

Експертите велат дека недостасува морална паника. Надлежните, целокупната научно-политичка елита треба да го крене својот глас и да придонесе за подобрување на свеста на младите луѓе и нивниот начин на живеење.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG