Достапни линкови

Србиja и Косово ќе ги обноват преговорите


Борислав Стефановиќ

Борислав Стефановиќ

Главниот преговарач на Белград Борислав Стефановиќ изјави дека на 5 идниот месец Србија и Косово ќе ги обноват преговорите кои беа прекинати во јули, кога Србија одби да дозволи транзит на косовски стоки преку нејзините граници. Тоа ги принуди косовските власти да наложат ембарго врз увозот на српски стоки во Косово, а косовската полиција ја презеде контролата врз граничните пунктови Јариње и Брњак. Косовските Срби потоа кренаа барикади на сите главни патишта во реонот, кои се очекува да бидат отстранети утре, по денешниот состанок во Лепосавиќ на кој се очекува да го прифатат договорот меѓу Белград и Приштина за намалување на тензиите, постигнат со посредство на НАТО.
XS
SM
MD
LG