Достапни линкови

logo-print

Во Грција продолжуваат напорите за излез од кризата


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос денеска треба да учествува на теле-конференција со шефот на групата министри за финансии на евро-зоната Жан Клод Јункер, евро-комесарот за економија Оли Рен и со шефот на Институтот за меѓународни финансии Чарлс Даларас. Тема на разговорот ќе биде текот на преговорите за процесот на доброволна размена на грчките државни обврзници, што е предвидено со спогодбата на лидерите на евро-зоната од 21 јули во Брисел.
Во Грција расте загриженоста поради влијанието на светската економска криза, па вчера атинската берза забележа пад од 6 насто и се најде на најниско ниво во последните 14 години.
XS
SM
MD
LG