Достапни линкови

logo-print

Обама: економските проблеми се решливи


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека економските проблеми на земјата се решливи и за наредните недели најави нови препораки за намалување на дефицитот. Без оглед што велат некои агенции, но нашата земја отсекогаш и сеуште ја заслужува оценката „ААА“, истакна Обама во говорот во Белата Куќа, додавајќи оти инвеститорите треба и натаму да ја третираат американската економија како една од најсигурните. Тој подвлече дека решение за проблемот со дефицитот е комбинација од зголемување на данокот за најбогатите и намалување на некои мерки во буџетот за програми како што е здравственото осигурување за постари лица.
Во меѓувреме, вредноста на акциите на берзата во Њујорк вчера опадна на најниско ниво во последните 10 месеци, што се должи на намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, објавено во петокот.
XS
SM
MD
LG