Достапни линкови

Нафтата поевтинува, златото се поскапо


Цената на нафтата на светските берзи вчера падна на најниско ниво годинава, поради проценките дека забавувањето на светската економија води кон намалување на побарувачката на нафта и гас. На њујоршката берза цената на нафтата падана за 5,57 долари и сега еден барел чини 81, 31 долари.
Загрижените трговци ги повлекуваат парите од овој сектор и купуваат имот кој се смета за сигурен во време на економска неизвесност, како што е златото, чија цена прв пат достигна 1700 долари за унца, а залихите опаднале за повеќе од 5 проценти.
XS
SM
MD
LG