Достапни линкови

Клаус со критика до амбасадорите подржувачи на геј фестивалот


Чешкиот претседател Вацлав Клаус

Чешкиот претседател Вацлав Клаус

Чешкиот претседател ги критикуваше 13 –те амбасадори кои се потпишале на петиција за поддршка на геј фестивал што ќе се одржаи во среда во главниот град на Чешка, Прага. Вацлав Клаус го смета за невиден чекор тоа што амбасадорите на неколку земји во Прага, се потпишале на петицијата, и рече дека не може да замисли ниту еден чешки амбасадор кој би се осмелил да го користи правото на петиција за да се влијае на политичката дискусија во која било земја. На петицијата се потпишале амбасадорите од Австрија, Белгија, Канада, Данска, Естонија, Германија , Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија и САД.
XS
SM
MD
LG