Достапни линкови

Земјите од Заливот ги отповикуваат амбасадорите во Сирија


Протести во Сирија

Протести во Сирија

По Саудиска Арабијa и Кувајт, и Бахреин го отповика свoјот амбасадор во Сирија, откaко сириските сили продолжија со крвавото задушување на анти-владините протести. Заливските земји ги отповикуваат своите амбасадори бидејќи не можат повеќе да го толерираат насилството во Сирија.
Во меѓувреме сириските државни медиуми јавија дека претседателот Башар ал Асад назначил нов министер за одбрана. За нов министер е назначен Даод Раџа кој досега беше началник на Генералштабот на армијата. Одлуката за смена на министерот доаѓа по посетата на турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу на Дамаск.
XS
SM
MD
LG