Достапни линкови

logo-print

„Стандард и пурс“ не се двоумеле за рејтингот на САД


Еден од директорите на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“денeска рече дека Агенцијата апсолутно не се двоумела да го намали кредитниoт рејтинг на САД и ги отфрли критиките дека одлуката билa заснована на лоши проценки.
Цените на акциите на светските берзи денеска бележат пад, на првиот работен ден откако Агенцијата во петок објави дека го намалува кредитниот рејтонг на САД, од ААА на АА+.
Шефот задолжен за рејтинг на државите во „Стандард и пурс“, Дејвид Бирс рече дека одлуката на Агенцијата се заснова на неколку работи,како прво на штетата нанесена на репутацијата на САД по неколкунеделните расправи во Конгресот за подигање на границата за задолжување и стравот дека јавните финансии на САД се неодржливи.
XS
SM
MD
LG