Достапни линкови

Одбележување на тригодишнината од руско-грузиската војна


Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев

Русија денеска ја одбележува годишнината од руско-грузиската војна. Рускиот претседател Дмитри Медведев по тој повод ја посети армиската единица која учествуваше во војната пред три години. Тој ги пофали војниците за запирање на „агресорот“. Конфликтот настана кога Грузија се обиде да ја поврати контролата на отцепениот регион Јужна Осетија. Русија испрати војници кои ја натераа грузиската војска да се повлече. Русија оттогаш го зајакна своето воено присуство во Јужна Осетија и во другиот отцепен грузиски регион Абхазија, и ги призна двата региона за независни држави.
Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска положи цвеќе на гробиштата на жртвите од конфликтот.
XS
SM
MD
LG