Достапни линкови

logo-print

Анализата за десет годишнината од Рамковниот договор и интерјвуто со вицепремиерот Муса Џафери, предизвикаа бројни коментари од нашите слушатели.

Судејќи според коментарите на нашите прилози и теми поврзани за Рамковниот договор, чија 10-годишнина од потпишувањето во 2001-та со што се стави крај на воениот конфликт во земјава, се наближува деновиве, очигледно за него најмногу се заинтересирани Албанците.

Интервјуто со вицепремиерот, Муса Џафери, задолжен токму за негово спроведување, го предизвикало нашиот слушател потпишан како Блерим од Скопје во својот коментар да го искаже своето несогласување со Џафери, поточно тој смета дека Рамковниот е мртов токму поради именувањето на, како што смета, една некомпетентна, корумпирана и аморална личност како Муса Џафери да се грижи за неговото спроведување. Блерим потсетува дека Албанците веќе цела деценија имаат универзитет и школувани лица, а Ахмети преферира, пишува нашиот слушател, да форсира пропаднати политичари и интригранти како Муса или Рафиз Алити. Оваа земја ќе напредува кога Албанците и Македонците ќе се сплотат заедно ваквите лица да завршат зад решетки, а тоа ќе се случи кога-тогаш, завршува налутено Блерим.

Морис, пак, мисли дека по Рамковниот немало промени во Македонија освен што се вработуваат доста Албанци во државната администрација. Морис смета дека односите помеѓу Албанците и Македонците во администрацијата се исти и дека партискиот притисок и кај едните и кај другите е огромен, а „моќта и силата извираат од партијата“ - пишува во својата порака Морис.

Има еден интересен коментар од слушател потпишан како Ѓорѓе од Охрид, а во врска со нашиот текст „Празниците да обединуваат, а не да разединуваат“. Ѓорѓе објаснува дека нему му се важни и комитското и партизанското време, поради учеството на негови блиски и во едниот и во другиот историски период, но поради слаткоста на забранетото овошје, до 1991 година се криеле делови од нашата историја па дури и сега се случува да има луѓе кои сакаат да прикријат некои случувања во минатото.

За нашиот прилог „Тајни кадровски промени“ - дека последните кадровски смени во владејачката партија покажуваат недостиг на внатрепартиска демократија, како што сметаат експертите, слушател потпишан како Македонец порачува дека е добро што сугестиите од граѓаните стигнале до премиерот Груевски, па моќта на токму на сменетите луѓе во партијата е намалена. На локално ниво, пишува Македонецот, тие луѓе ја имаат приватизирано партијата и ВМРО-ДПМНЕ фактички е акционерско друштво кое работи за интересите само на десетмина најблиски околу нив, а сето друго се лаги и далавери по луѓето.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG