Достапни линкови

logo-print

Можни последици од европската криза


Економските случувања во Америка нема да имаат големо влијание, но кризата во Европа е уште пострашна за нас, велат економистите.

Економските случувања во Америка нема да имаат големо влијание, но кризата во Европа е уште пострашна за нас, велат економистите.

Економските случувања во САД немаат големо влијание врз домашната економија, но можни се последици од потресите на европскиот пазар.

Одлуката за намалувањето на кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави нема да се одрази на македонската економија, но можни се последици од потресите на европскиот пазар, се согласуваат упатените. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека македонската економија е директно зависна од случувањата во европската економија.
Намалувањето на кредитниот рејтинг на економијата на САД нема да влијае многу директно на македонската економија, бидејќи македонската економија е директно зависна од случувањата во европската економија, а тие се уште пострашни од она што се случува во Америка.

„Намалувањето на кредитниот рејтинг на економијата на САД нема да влијае многу директно на македонската економија, бидејќи македонската економија е директно зависна од случувањата во европската економија, а тие се уште пострашни од она што се случува во Америка.“

Проблемот на македонската економија не е на надворешен план, смета Гуштеров:

„Проблемот за Македонија е тоа што се случува на внатрешен план, нашата економија не успеа во последните 20 години да изгради капацитет на извозна економија каде што ќе се креираат нови вредности и ќе може да се создаваат резерви за Македонија да може полесно да излегува од вака силни економски потреси кои се случуваат на меѓународен план.“


Бизнисменот Зоре Темелковски смета дека генерално, нема да има силни ефекти од економските потреси врз македонската економија:

„Кризата која што ја имаме во Америка и во Европа, Македонија како мала држава неможе да биде дел од тој мозаик.“

Поради владините инвестиции во аграрот, Македонија ќе делува како амортизер, вели Темелковски и дополнува:

„Исто така кризата којашто се јавува во градежништвото и неконтролираните инвестции во градбите, Македонија како мала држава постојано ќе има дефицит од станови, од деловни простори бидејќи тој
Сметам дека Европската Централна Банка и особено Германија не би дозволила да се намали многу вредноста на еврото, така што можеби на овој начин сме и директно заштитени
бизнис не беше доволно етаблиран во македонското стопанство, затоа оваа криза Македонија ја одминува и заради нискиот, просечен стандард на македонскиот граѓанин.“

Македонија е врзана со Европа преку еврото и стабилноста на валутата ја штити Македонија од поголеми потреси, вели економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа и дополнува:

„Сметам дека Европската Централна Банка и особено Германија не би дозволила да се намали многу вредноста на еврото, така што можеби на овој начин сме и директно заштитени.“

Кон ова и изјавата на американскиот економист Кенет Рогов, кој за „Шпигел“ изјави дека ако Италија и Шпанија се задржат во еврозоната, Германците ќе мора да осознаат дека Европа долго време ќе постои како унија за трансфери.
XS
SM
MD
LG