Достапни линкови

Опасност од нова светска финансиска криза


Светските пазари и денеска забележаа пад на акциите и покрај заложбите на светските лидери дека ќе ги преземат сите неопходни мерки да ја поддржат финансиската стабилност по историскиот пад на американскиот кредитен рејтинг. Аналитичарите предупредуваат на нова глобална финансиска криза, полоша од онаа пред две години.

Соединетите Држави со намален кредитен рејтинг што во петокот им го додели агенцијата Стандард енд Пурс, а Европската унија со нови закани за еврото по најновите финансиски проблеми во уште две земји од еврозоната. Ваква е диганозата на светската економија во последниве деновиве.

Во потрага по лек, Европската централна банка најави дека ќе почне да ги купува обврзниците издадени од владите на Италија и на Шпанија за да ги поддржи најголемите економии во еврозоната, по Германија и Франција.

Берзата во Франкфурт

Во изјавата, претседателот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, исто така ги поздрави мерките за штедење и за реформи што овие две земји ги донесоа за редуцирање на нивните буџетски дефицити.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози побараа итно спроведување на клучните економски мерки за спас на еврото по еднонеделната економска несигурност во светот.

Овој чекор, според повеќето аналитичари, е во врска и со намалувањето на кредитниот рејтинг на Соединетите Држави, за прв пат во историјата на таа земја.
Разочарувачки, наместо да седнат и да ги решат проблемите на кооперативен начин, Демократите и Репбликанците меѓусебно се обвинуваат кој е виновен за падот на кредитниот рејтинг. Време е непослушните момчиња во Вашингтон да ги запрат игрите пред да предизвикаат поголеми штети.


Во меѓувреме, директорот на кредитната агенција Стандард енд Пурс, Џон Чемберс, предупреди дека постојат големи шанси во наредните две години да дојде до натамошно опаѓање на американскиот кредитен рејтинг.

Ова наиде на остра осуда од американскиот министер за финансии, Тимоти Гајтнер, кој изјави дека станува збор за ужасна проценка.

„Тие покажаа недосиг на знаење за основите на американската фискална буџетска математика“, изјави Гајтнер во вчерашното интервју за американската телевизиска мрежа Ен Би Си, додавајќи:

„Ние имаме многу еластична економија. Ние сме многу силна земја. Имам огромна доверба во регенеративниот капацитет на американската економија и на американскиот народ.“


Претходно, Белата куќа соопшти дека Гајтнер останува шеф на американскиот трезор и покрај тоа што некои републиканци, поради падот на кредитниот рејтинг, побараа негова оставка.

Гајтнер, кој е единствениот преостанат висок претставник од оригиналниот економски тим на претседателот Барак Обама имаше најавено дека во август ќе ја напушти функцијата откако ќе биде подигнат должничкиот лимит на земјата.

Поддршка по падот на кредитниот рејтинг денеска дојде од јапоснкиот минситер за финансии, Тошихико Нода:

„Соединетите Држави изјавија дека ќе работат на намалување на нивниот дефицит. Затоа јас не гледам никаква причина да се сомневам во американските финансии и кои се уште имаат атрактивна предност.“

Во меѓувреме, Кина ги повтори критиките до Соединетите Држави, барајќи од нив да дејствуваат поодговорно. Кинеската официјална агенција Ксинхуа пишува:
Тимоти Гајтнер

„Разочарувачки, наместо да седнат и да ги решат проблемите на кооперативен начин, Демократите и Републиканците меѓусебно се обвинуваат кој е виновен за падот на кредитниот рејтинг. Време е непослушните момчиња да ги запрат игрите пред да предизвикаат поголеми штети.“

Падот на американскиот кредитен рејтинг дојде откако поделените американски лидери до последен момент не можеа да постигнат консензус за подигање на нивото на американскиот долг.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG