Достапни линкови

Бан КИ Мун во посета на Фукушима


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска го посети градот Фукушима каде што имаше средби со официјални јапонски претставници како и со луѓе кои беа принудени да се евакуираат поради оштетувањата на нуклеарната централа. Бан Ки Мун е првиот висок странски претставник кој го посети реонот на нуклеарната централа Фукушима, по земјотресот и цунамито во март годинава. Предвидено е Бан Ки Мун да се состане и со јапонскиот премиер Наото Кан.
XS
SM
MD
LG