Достапни линкови

logo-print

Меркел и Саркози бараат „брзо спроведување“ на економските реформи


Архива: Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел.

Архива: Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози повторно повикаа на „брзо спроведување“ на економските реформи договорени во јуни на Самитот во Брисел. Двајцата државници, исто така, ги поздравија одлуките на Италија и на Шпанија да го намалат буџетскиот дефицит за да се врати довербата во еврото. Повикот на Меркел и на Саркози доаѓа откако една недела постои зголемена економска несигурност низ целиот свет.
За денеска е закажана и дискусија на министрите за финасии на земјите од групата седум најразвиени индустриски земји. Тие ќе разговараат за новата нестабилност на пазарот и за тоа како да постапуваат откако е намален кредитниот рејтинг на САД.
XS
SM
MD
LG