Достапни линкови

Тадиќ се сретна со претставници на Србите од северно Косово


Селото Зубце кај Зубин Поток во северно Косово на 5 август 2011 година.

Селото Зубце кај Зубин Поток во северно Косово на 5 август 2011 година.

На состанокот на претставниците на Србите од северниот дел на Косово и српскиот претседател Борис Тадиќ, синоќа во Белград било договорено да се продолжи со соработката со меѓународната заедница, но со строго придржување кон Резолуцијата 1244 на ОН. Претставниците на Србите од Косово го запознале Тадиќ со ситуацијата во северниот дел на Косово и се договориле за потполна соработка со институциите на Србија. На состанокот било констатирано дека во северниот дел на Косово е неопходно да има мир и единство, соопштувааат од Кабинетот на Тадиќ.
XS
SM
MD
LG