Достапни линкови

Насилствата во Сирија неприфатливи за Саудиска Арабија


Антивладини протести во градот Хомс на 4 август 2011 година.

Антивладини протести во градот Хомс на 4 август 2011 година.

Саудиска Арабија соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Сирија, во знак на протест против однесувањето на сириските сили кон демонстрантите. Саудискиот крал Абдула изјави дека насилството во Сирија е „неприфатливо“.

Претходно, насилствата во Сирија ги осуди и Арапската лига. Генералниот секретар на Лигата изрази загриженост за насилствата во кои сириските трупи убија најмалку 59 луѓе при нападите на два опозициски града. Во меѓувреме, сирискиот претседател Башар ал-Асад вети дека ќе продолжи со акцијата против демонстрантите кои ги нарече „злосторници“. За Асад, нападите се должност на Владата да ги заштити безбедноста и животот на нејзините граѓани.
XS
SM
MD
LG