Достапни линкови

Џон Тошак нов селектор на македонската фудбалска репрезентација


Џон Toшак е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Македонија.
Тошак кој е поранешниот играч на Ливерпул и познат тренер доаѓа на местото на Мирсад Јонуз , кој доби отказ во јуни, по слабите резултати на кфалификациите за Европското првенство во 2012-та година.
Македонија е петта во групата Б, со само 4 поени од шест натпревари. Новиот тренер на македонската репрезентација Џон Тошак си поднесе оставка како тренер на Велс во септември 2010 година. Тошак во својата кариера, бил тренер во Португалија, Шпанија, Турција, Франција и Италија. А со Реал Мадрид, освои титула во 1990 година.
XS
SM
MD
LG