Достапни линкови

logo-print

Израел- Палестинците планираат крвопролевање во септември


Mинистерот за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман

Mинистерот за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман

Палестинските власти планираат „назапаметено крвопролевање“ на масовните демонстрации закажани за следниот месец, после очекуваната подршка од ОН за независноста на палестинската држава, изјави денеска министерот за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман. Либерман најави прекин на односите со палестинската влада на Западниот брег. Сепак Либерман не кажа какви докази има дека Палестинците навистина подготвуваат крвопролевање.
„Тие велат дека не сакаат насилство, но ќе испратат многу луѓе да ги нападнат пунктовите и да блокираат патишта, рече Либерман.
Палестинските власти негираат дека планираат такво нешто.
XS
SM
MD
LG