Достапни линкови

Кривични пријави за инвеститорот и изведувачот на „Космос“


Комплексот Космос во изградба

Комплексот Космос во изградба

Против инвеститорот и изведувачот на објектот „Космос“ поднесени се кривични пријави, а деновиве ќе биде поднесена кривична пријава и против надзорот, изјави градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски. Според него сите активности кои општина Гази Баба ги презема во постапката се согласно законите и во насока на почитување и владеење на правото.
Еден од инвеститорите на објектот Фиат Цаноски денеска на прес-конференција рече дека му биле скратени основните човекови права, односно можноста на приватна сопственост и слобода на движење и најави дека ќе се жали во судот во Стразбур.
На пресот присуствуваше и американскиот адвокат Дејвид Серџи кој Цаноски го ангажирал за неговиот случај.
XS
SM
MD
LG