Достапни линкови

logo-print

Сирија- во последните насилства над 50 жртви


сириски трупи

сириски трупи

Во денешните напади на сириските сили на градовите Хула и Деир ел Зоур, најмалку 52 луѓе загинале, а повеќе од 100 се повредени, јавуваат сириските активисти за човекови права.
Во градот Деир ел Зоур војската пукала кон демонстрантите при што се убиени 42-ца луѓе. Активистите наведуваат дека по нападите илјадници луѓе го напуштиле градот и се упатиле кон северот на земјата.
Сириските безбедносни сили убиле уште најмалку 10 цивили во Хула, во близина на Холмс, каде од изутрина навлегле тенкови и воени транспортери и започнале воена акција. Генералниот секретар на Арапската лига Набил ал Араби денеска ги повика властите во Сирија „веднаш“ да запрат со насилството против цивилите.
XS
SM
MD
LG