Достапни линкови

Чуварот од Абу Граиб предвреме ослободен од затвор


Затвореници во затворот Абу Граиб

Затвореници во затворот Абу Граиб

Некогашниот предводник на американските чувари осудени за злоупотреба на ирачки затвореници во затворот Абу Граиб во Ирак е ослободен предвреме од затвор поради добро однесување, соопштија од американската армија.
Портпаролот на армијата Ребека Стид изјави дека Чарлс Грејнер е ослободен по одлежувањето на 6,5 години во затвор. Тој беше осуден на 10 години казна затвор.
Грејнер се смета за предводник на чуварите кои физички, психичка и сексуално злоупотребувале ирачки затвореници во периодот од 2003 до 2004 година. Тој беше осуден во 2005 година, откако во јавноста излегоа фотографии кои покажуваа како тој и другите чувари злоставуваат и понижуваат затвореници.
Фотографиите предизвикаа меѓународна осуда, што доведе до апсење на 11 американски војници.
XS
SM
MD
LG