Достапни линкови

Србите од северот на Косово на состанок со Тадиќ


Претседателот на Србија Борис Тадиќ

Претседателот на Србија Борис Тадиќ

Претставниците на Србите од северот на Косово, денеска во 18 часот ќе разговараат со претседателот на Србија Борис Тадиќ за договорот кој преговарачите од Белград го постигнаа со КФОР, јавуваат српските медиуми. Со Тадиќ, ќе разговараат претседателите на Косовска Митровица, на Звечани, Зубин Поток и на Лепосавиќ, а на состанокот ќе присуствува и началникот на косовскомитровичкиот округ.
Договорот предвидува локалното српско население да ги тргне барикадите поставени на патиштата.
XS
SM
MD
LG