Достапни линкови

Асад ќе продолжи да се справува со „злосторниците“


постер со ликот на претседателот

постер со ликот на претседателот

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска изјави дека ќе продолжи со акцијата против демонстрантите за кои вели дека се „злосторници“, пренесуваат државните медиуми во Сирија. Денеска сириските трупи извршиле напади на два опозициски градови во нивниот обид да ги задушат протестите против владеењето на Асад.
Но за Асад воените операции се должност, за да се заштити безбедноста и животот на граѓаните на Сирија.
Активистите за човекови права јавуваат дека сириските сили за време на денешните операции убиле најмалку 47 луѓе. Војската во придружба на 200 тенкови утринава ги нападна градовите Деир ел-Зоур и Хомс.
XS
SM
MD
LG