Достапни линкови

logo-print

Иран- Уапсени 17 млади за учество во „водена битка“


Иранската полицијата уапсила 17 момчиња и девојчиња кои во петокот учествувлае во „борби“ со вода во еден воден парк во Иран.
Петмина веднаш биле ослободени, а другите 12 денеска биле пуштени со кауција и може да се соочат со обвиненија за збранет чин „Харам“, затоа што се прскале со вода. Во петокот неколку стотици млади, учествуваа во големата „ водена “ битка во паркот во Техеран. На настанот организиран преку Фејсбук, младите се забавувале прскајки се со вода, притоа користејки пиштоли на вода, шишиња и други играчки. Шефот на полицијата за морал во Иран, предупреди дека полицијата „ќе дејствува енергично“ против слично однесување и нема да дозволи вакви настани да се случиваат на јавни места, или било каде низ целата земја.
XS
SM
MD
LG