Достапни линкови

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех излезе од болница


Јеменски претседател Али Абдула Салех, 10 јануари 2011

Јеменски претседател Али Абдула Салех, 10 јануари 2011

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех ја напуштил воената болница во Саудиска Арабија, после двомесечниот медицински третман на повредите здобиени при нападот на неговата претседателска палата. Сега Салех е на домашно лекување но останува во Саудиска Арабија.
По заминувањето на Салех во Саудиска Арабија, јеменскиот потпретседател Абдрабух Мансур Хади ја презеде власта во Сана, но без да биде назначен како шеф на државата. Опозицијата, повика да се создаде привремен совет за да се спречи Салех да се врати на власт. Демонстрантите во Јемен бараат Салех да си замине од власт.
XS
SM
MD
LG