Достапни линкови

Израел- протести поради зголемените трошоци за живот


Претести во Израел

Претести во Израел

Министерот за финансии на Израел вети дека владата ќе преземе брза акција за да ги намали зголемените трошоци за живот. Реакцијата на министерот уследи откако вчера повеќе од 250 илјади луѓе демонстрираа во Израел поради зголемените цени.
Министерот за финансии, изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе формира посебен Комитетот на министри и експерти за да одговорат на барањата на демонстрантите кои се лути поради зголемените трошоци за живот и се поголемата разлика меѓу богатите и сиромашните. Протестот започна пред три недели кога млади Израелци поставија шатори на главниот плоштад во Тел Авив за да се пожалат на скапиот живот, но по три недели протестите станаа масовни.
XS
SM
MD
LG