Достапни линкови

Обама им оддаде почит на жртвите од хеликоптерската несреќа


Американскиот претседател Барак Обама им оддаде почит на жртвите во хеликоптерската несреќа во Авганистан, во која загинаа 30 американски војници и 7 припадници на авганистанските воени сили. Најголем дел од загинатите американски војници биле припадници на единицата која го уби Осама Бин Ладен, но непознато е дали станува збор за истиот персонал. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Тие со ракета го собориле хеликоптерот во источниот дел на Авганистан. Со овој настан, бројот на загинати американски војници годинава се искачи на 365, а само овој месец загинале 42 војници.
XS
SM
MD
LG