Достапни линкови

Нереди во Британија, откако полицајци застрелале момче


архива

архива

Во лондонскиот кварт Тотенхем ноќесна избувнале нереди во кои се запалени две полициски возила и двокатен автобус. Нередите избувнале откако во тој кварт, полицајци на улица убиле едно 29-годишно момче. Според очевидци, околу 400 до 500 луѓе дивееле по улиците во Тотенхем, потоа ги блокирлае сите полициски станици таму, по што полицијата испратила засилување во тој дел од градот. Британските медиуми јавуваат дека во нападите се повредени осум полицајци. За справување со демонстрантите, полицијата интервенирала со специјалните сили. При нередите се ограбени многу продавници.
XS
SM
MD
LG