Достапни линкови

logo-print

Проблеми со сообраќајната сигнализација во Дебар


Дебар

Дебар

Во Дебар повеќе години во областа на сообраќајот има проблеми со сигнализацијата на улиците.

Воедно проблеми во сообраќајот создаваат и лошата состојба на улиците поради оштетениот асфалт, но и немањето на соодветен паркинг. На локално ниво за овие проблеми често се разговара и има желба овие проблеми да се надминат но клучен проблем се потребните средства кои недостигаат за еден сериозен зафат. Особено наведените проеблеми се
почуствителни во летниот период кога во општината има двојно повеќе автомобили поради присуството на печалбарите во родниот крај.

„И вертикалната и хоризонталната сигнализација не се во добра состојба. Посебно треба да се спомне хоризонталната сигнализација која воопшто и не постои како таква во Дебар. Што се однесува пак до вертикалната
И вертикалната и хоризонталната сигнализација не се во добра состојба. Посебно треба да се спомне хоризонталната сигнализација која воопшто и не постои како таква во Дебар. Што се однесува пак до вертикалната сигнализација на улиците таа некаде ја има а некаде ја нема.
сигнализација на улиците таа некаде ја има а некаде ја нема. На градот му е потребна целосна сигнализација бидејќи тоа е потреба за еден безбеден сообраќај“, вели претседателот на Комисијата за безбедност во сообраќајот при Советот на општина Дебар Абдул Колеци.

Тој додава дека:

„Овој проблем се чуствува особено во летниот период, бидејќи овде има голем број на печалбари. Тие се дојдени од западно европските земји, каде вакви проблеми нема, така што тие и се иритираат од ваквата состојба со сигнализацијата.“

Колеци вели дека покрај сигнализацијата проблем во сообраќајот создава и лошата патна инфраструктура како во градот така и на излезите од градот кон Струга и Маврово, а проблем се и паркинзите.


„Проблем се и ударните дупки на улиците. Тоа е крупен проеблем и тие улици треба да имаат целосна реконструкција бидејќи асфалтот е дотраен. Воедно проблем е и оштетениот пат кон граничниот премин „Блато“ кон Албанија но и излезните патишта кон соседните градови. Дебар треба да го реши и проблемот со паркинзите. Сега главната улица е еднонасочна со цел да се озовможи на едната страна и паркирање на автомобилите но, се чини дека има потреба од голем паркинг, за да имаме безбеден сообраќај“, вели Колеци.

Оваа комисија има донесено и програма за надминување на проблемите во сообраќајот која е прифатена и од страна на Советот на општината. Има разговори и со ЈП „Македонија Пат“ и други надлежни агенции. Раководството на локалната власт наведува дека со оглед дека е влезена во програмата на Владата реконструкцијата на делницата Бошков Мост - Дебар, може да се очекува подобрување на условите во сообраќајот.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG