Достапни линкови

Костимографот не е кореограф


Александар Рашковиќ, дипломиран ликовен уметник-костимограф и професор по костимографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Александар Рашковиќ, дипломиран ликовен уметник-костимограф и професор по костимографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Ретки се вистинските познавачи на уметноста. Многумина наместо со костимограф ме ословуваат со кореограф, појаснува костимографот Александар Рашковиќ.

Александар Рашковиќ (34) од Куманово, дипломиран ликовен уметник-костимограф и професор по костимографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, раскажува за работата, за изместените вредности во неговата професија при креирање на костимите за сцена, за многумина кои и во ерата на електронските комуникации и широката достапност на информации не прават разлика помеѓу костимографот и кореографот.

„Ретки се луѓето кои се вистински професионалци во гранките на
Ретки се луѓето кои се вистински професионалци во гранките на уметноста. Ретки се луѓето кои ја разграничуваат мојата професија од некои други професии во блиска врска со мојата уметноста. Место да ме ословат со костимограф, ме ословуваат со кореограф.

уметноста. Ретки се луѓето кои ја разграничуваат мојата професија од некои други професии во блиска врска со мојата уметноста. Место да ме ословат со костимограф, ме ословуваат со кореограф. Тоа се две професии слични по име, но со дијаметрална разлика. Костимографот се занимава со изгледот на луѓето кои се на сцена, а кореографот се занимава со движењата на луѓето на сцена.“

Иако со долгогодишно искуство, со бројни креации на костими за театарски претстави Рашковиќ вели дека во последно време малку го ангажираат таму каде што тој најповеќе и најуспешно може да го искаже својот талент, знаење и умешност.

„Имав среќа што откако тргнав на факултетот во Бугарија за многу кратко време направив околу 30 професионални костимографии со врвни професионалци во театарот, но во последно време многу ретко.“

РСЕ: Кој ги прави костимите во театрите?


„Секој кој што ќе стигне. Сите оние кои имаат желба да бидат костимографи, а имаат врски со раководствата во театрите, или со режисерите, со влијателни луѓе во Министерството за култура, со уметничките директори... Луѓе со земјоделски факултет, текстилни инженери, шивачи „надарени“ за цртање или креирање. Најбитно е да си близок со режисерот, или уметничкиот директор во театарот.“

Меѓутоа, креациите на Рашковиќ се многу барани од клиентките кои сакаат на за нив важни настани да се појават во облека различна од другите. Да биде уникатна.

„Моите креации се гламурозни, јас преферирам „ројал стил“. Можеби е тоа тежнеење кон едно кралско општество, но сакам истенчена линија, со малку елементи, а секој елемнт да има своја приказна. И секогаш сакам да бидам различен од другите, да не се повторува креацијата и да ја нема во нашата држава.“
Конкретно за театарот. Пред многу години имало култ кон облекување за одење во театарот. Луѓето на премиера оделе со убава тоалета, со смокинг или одело, при тоа да направат чест на делото што е на сцена, да ги испочитуваат актерите, но и да се покажат и самите себеси.

Рашковиќ не води евиденција дали го копираат,и тоа не го засега. Она што го забележува е влијанието на розевите или виолетовите тв канали. Гледајќи ги естрадните ѕвезди нашите луѓе сакаат да имаат иста облека како нивната. Тука е недостаток на личниот стил. За илустрација Рашковиќ ја парафразира англиската дизајнерка Вивиен Вествуд со чија реакција сосема се согласува и вели:

„Конкретно за театарот. Пред многу години имало култ кон облекување за одење во театарот. Луѓето на премиера оделе со убава тоалета, со смокинг или одело, при тоа да направат чест на делото што е на сцена, да ги испочитуваат актерите, но и да се покажат и самите себеси. Сега спортски облечени луѓето одат во театар, на опера или балет.“

Рашковиќ вели Вествуд тоа го објаснува вака:

„Како може еден обичен гледач да има инспирација да се „дотера“ , за во театар кога оди да го гледа Шекспир, а на сцена се актери облечени во тениски маички, во апостолки, во шорцеви кратки карирани. Значи проблемот не е во народот, туку во професионалците.“

За несоодветните костимографии Рашковиќ додава:

„Зад сето тоа се крие големо незнаење. Историјата ако не ја знаеш не можеш да ја презентираш. Модерните правци можеш самиот да си ги креираш како што сакаш. Тоа е единствено оправдание за незнаењето. Еден костимограф ако не е стручен и образован не може да направи историски костими, не може да навлезе во проблематиката на делото. Костимот има голема улога во актерската игра на сцената.“

РСЕ: Што Рашковиќ ги учи студентите?

„Актерите ги учам да имаат убав однос кон костимите, да го негуваат костимот, да го чуваат, да знаат како да го изиграат на сцената. Во спротивно тој може и да им врати,а тие знаат како.Режисерите ги учам да соработуваат со костимографот. да даваат сугестии,но да му дадат слобода на професионалецот за да го дополни нивното дело..Сценаристите пак, да обрнат внимание како ќе биде истретиран костимографот. Да ја сакаат својата професија но и да ги почитуваат и сите дополнителни професии кои што го прават нивното дело во театарот“, раскажува костимографот Рашковиќ.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG