Достапни линкови

logo-print

Обама побара брз раст на економијата и повеќе работни места


Кредитната рејтинг агенција „Стандард едн Пурс“ го намали рејтингот на САД од највисокото ниво ААА на пониското АА+ .
Американскиот претседател Барак Обама во своето неделно радио обраќање, само на неколку часа пред да биде објавено смалувањето на рејтингот, го повика Конгресот да усвои иницијативи со кои ќе се зголеми економијата .
„Нашата итна мисија е брз раст на економија и создавање на повеќе работни места. Тоа е она што го сакаат луѓето, тоа е она што им е важно на семејствата во оваа земја. А факт е дека ова е бурна година за економијата, во која економијата се соочи со арапската пролет која се одрази на цените на нафтата и гасот, потоа со земјотресот во Јапонија, економската ситуација во Европа, а во Вашингтон, имаше спорна дебата околу буџетот на нашата земја“, рече Обама во своето обраќање.
Со намалувањето на рејтингот, американските државни обврзници на кои се гледаше како на најсигурни во светот, сега се пониско оценети од обврзниците издадени од земји како Велика Британија, Германија, Франција или Канада.
XS
SM
MD
LG