Достапни линкови

Бесими се сретна со преставници на амбасада на САД во Македонија


Министер за одбрана Фатмир Бесими

Министер за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска се сретнал со вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија Брајан Агелер и одбранбеното аташе на САД во земјата полковникот Тод Браун,соопштија од Кабинетот на министерот. Од таму велат дека во текот на разговорите американската страна потврдила дека се цени јасната визија со која Македонија напредува во делот на одбраната и изразиле благодарност за големиот придонес на Македонија кон глобалната безбедност и светскиот мир.
Министерот Бесими, пак, изразил благодарност за досегашната севкупна поддршка што САД континуирано и интензивно и ја даваат на Македонија преку сите области на билатералната одбранбена соработка.
XS
SM
MD
LG