Достапни линкови

logo-print

Иранските власти очекуваат ослободување на американските „шпиони“


Шејн Бауер, Џош Фатал и Сара Шурд

Шејн Бауер, Џош Фатал и Сара Шурд

Министерот за надворешни работи на Иран изјави дека се надева оти судењето на двајцата американски државјани обвинети за шпионажа „ќе продолжи на начин кој ќе резултира со нивно ослободување“.
Официјалните власти сопштуваат дека наскоро ќе бидат објавени пресудите од судењето на американските државјани Шејн Бауер, Џош Фатал и Сара Шурд, кои беа уапсени во близина на границата меѓу Иран и Ирак, пред две години.
Тројцата Американци се изјаснија за невини. Тие велат дека случајно заскитале на другата страна на границата, додека пешачеле. Сара Шурд беше пуштена со кауција лани во септември поради здравствени причини.
XS
SM
MD
LG