Достапни линкови

Сомалија- Бунтовниците се повлекуваат од Могадишу


силите на Ал Шабаб

силите на Ал Шабаб

Сомалиските исламистички бунтовници соопштија дека ќе се повлечат од главниот град, каде со години се бореа со африканските мировници и со трупите на сомалиската влада.
Портпаролот на бунтовничката група Ал Шабаб соопшти дека тие го „напуштаат“ Могадишу, но дека сепак ќе останат во другите градови на земјата.
Се верува дека Ал Шабаб се поврзани со Ал Каеда. Тие досега го контролира поголемиот дел од Сомалија, односно целиот јужен дел од земјата, кој сега е погоден од суша. Групата е формирана во 2007 година и оттогаш се обидува да ја собори власта.
Во насилството досега загинаа десетици илјади луѓе.
За портпаролот на владата на Сомалија, повлеќувањето на бунтовниците од Могадишу е „златен ден“ за земјата.
XS
SM
MD
LG