Достапни линкови

logo-print

„Стандард едн пурс“ го намали историскиот рејтинг на САД


Американскиот претседател Барак Обама го потпишува Законт за контрола на буџетот

Американскиот претседател Барак Обама го потпишува Законт за контрола на буџетот

Една од најдобрите агенции за кредитен рејтинг, „Стандард енд Пурс“, денеска за прв пат во историјата го намали кредитен рејтинг на САД, од највисоката ААА на пониската АА+.
Агенцијата го намали долгорочниот кредитен рејтинг на САД на АА+ поради загриженост дека буџетскиот дефицит ќе расте.
Претседателот на „Стандард едн Пурс“ Џон Чејмберс, за американската телевизија Си Ен Ен рече дека САД можеле да избегнат промена на кредитниот рејтинг ако Конгресот на време го решеше проблемот со плафонот на задолжување.
Промената на кредитниот рејтинг уследи по жестоката политичка битка во Конгресот за тоа дали и за колку треба да се подигне границата за задолжување. По неколку неделната дебата, во вторникот на втори август претседател Барак Обама потпиша закон за намалување на државниот дефицит, подигање на границата за долговите и заштеда во висина од два билиона долари. Но и тоа не е доволно за да се стабилизира економската состојба , сметаат од Агенцијата.
Другите две големи кредитни рејтинг агенции, Мудис и Фич, изјавија дека немаат планови да го следат „Станрадр енд Пурс“.
Со намалувањето на рејтингот, американските државни обврзници на кои се гледаше како на најсигурни во светот, сега се пониско оценети од обврзниците издадени од земји како Велика Британија, Германија, Франција или Канада.
Од американскиот оддел за финасии велат дека Агенцијата направила грешка при проценката.
XS
SM
MD
LG