Достапни линкови

logo-print

Ограда од бодликава жица на грчко-турската граница


Грција ќе подигне ограда од бодликава жица, долга повеќе од 10 километри, на границата кон Турција, со цел да го спречи влезот на илегалните имигранти, соопшти Министерството за заштита на граѓаните. Оградата, за која се дискутира неколку месеци, ќе биде изградена со помош од 5,5 милиони евра од фондот на ЕУ, се наведува во соопштението.Оградите ќе бидат подигнати во близина на граничниот премин Кастаниес, најпрометниот граничен премин меѓу овие две земји.
Грчко-турската граница е долга 150 километри и стана зона која имигрантите најчесто ја користат за нелегално преминување во ЕУ.
XS
SM
MD
LG