Достапни линкови

logo-print

Македонија испраќа апел за мир


Хирошима по бомбардирањето

Хирошима по бомбардирањето

Годишнината од употребата на атомската бомба во Јапонија, во Хирошима на 6 август 1945 и на 9 август во Нагасаки, вечерва во Скопје во населбата Капиштец ќе биде одбележана со поетско читање и со апел за мир.
Организатори на настанот се урбаната заедница „Невена Георгиева-Дуња“ и Амбасадата за мир „Македонија“. Целта е да се апелира против употребата на нуклеарно оружје во воени цели и врз цивилно население и против изградба на електрани на нуклеарен погон.
Годинава се навршуваат 66 години откако воздушните сили на САД во Втората светска војна фрлија атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки за да ја натераат Јапонија на капитулација. Во нуклеарната катастрофа загинале над 100 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG