Достапни линкови

Билер: На повидок решение за северот на Косово


Командантот на КФОР Ерхард Билер изјави денеска дека договорот за решавање на кризата на северот на Косово се уште не е постигнат, но оти двете страни биле блиску до решение. Тој прецизира дека имало предлози кои се разгледуваат во Приштина и во Белград. Приштинскиот весник „Зери“ денеска објави дека Владата на Косово поставила десет услови што КФОР треба да ги прифати и оствари во разговорите со претставниците на Белград за да го поддржи договорот меѓу КФОР и Србија.
XS
SM
MD
LG