Достапни линкови

Намалување на домашните резерви на злато


Златото урива рекорди на светските берзи

Златото урива рекорди на светските берзи

Златото урива рекорди на светските берзи, а Македонија ги намалува резервите на овој благороден метал, покажуваат податоците од Централната банка.

Според пологудишниот извештај на Народната банка, заклучно со вториот квартал годинава, резервите на злато се проценуваат на 14 милиони евра, или за повеќе од 3 милиони евра помалку во споредба со лани. Зошто е важно за една земја да чува резерви на злато? Објаснува
Тоа дава на некој начин сигурност во случаи кога е загрозена сигурноста на валутата, тоа на некој начин може да даде сигурност во определен рок, посебно што во последно време, златото на светските берзи ја зголемува својата вредност така што мислам дека е многу битно една земја да има злато.

Аналитичарот на Центарот за Економски Анализи Шенај Хаџимустафа:

„Тоа дава на некој начин сигурност во случаи кога е загрозена сигурноста на валутата, тоа на некој начин може да даде сигурност во определен рок, посебно што во последно време, златото на светските берзи ја зголемува својата вредност така што мислам дека е многу битно една земја да има злато или пак кога има одредени резерви на парични средства да ги вложува во истото, затоа што златото е редок благороден метал, значи богатство.“

Секоја земја која сака да има сигурност, чува одредена количина на злато, вели Хаџимустафа, додавајќи дека исто како и со народните пари, треба да се дава отчет за што се трошат златните резерви:

„Може истите да се искористуваат за некоја цел меѓутоа треба да се види каде одат тие парични средства, значи каде паричните средства од продажбата на злато се искористуваат, кој ги искористува истите, кој има право да донесува одлука да се продаваат истите и да се искористуваат тие средства.“

Податоците на Народната банка покажуваат намалување на домашните резерви на злато

РСЕ: Значи исто како и со буџетот потребна е транспарентност и при трошењето на златните резерви?

„Дефинитивно, дефинитивно треба да има транспарентност и да се каже каде одат истите за јавноста да биде запознаена.“

Речиси 12 проценти од македонските девизни резерви се чуваат во злато. Од Народната банка посочуваа дека во изминативе неколку години се зголемило учеството на златото во девизните резерви, но останува нејасно дали тоа се случило поради растот на цената на овој благороден метал, или пак физички се зголемиле резервите. Согласно македонските закони, само државата може да тргува со злато, додека граѓаните ја немаат таа можност.
Може истите да се искористуваат за некоја цел меѓутоа треба да се види каде одат тие парични средства, значи каде паричните средства од продажбата на злато се искористуваат, кој ги искористува иститe

Брокерите коментираат дека во споредба со другите земји, жителите на земјава пропуштаат можност да заработат тргувајќи со злато. Претседателот на групацијата на друштва за управување со инвестициски фондови, Александар Манев, вели дека станува збор за несреќна законска одредба:

„Самиот закон за девизно работење кој бил донесен во минатото ги ограничува македонските граѓани да имаат странски акции, депозити, да инвестираат во благородни метали. Минатата година се актуелизираше ова прашање, имаше некои најави од Министерството за финансии дека ќе има промена на законот меѓутоа мислам дека е поврзано со интегрирањето на Македонија во ЕУ и со процесот на водење на преговори, така што во одредена фаза ќе биде неминовно тоа да се промени.“

Додека цената на златото расте, индексите на светските берзи бележат рекордни падови, заедно со вредноста на одредени валути. Се` додека еврото е стабилно, нема значаен ризик за Македонија, коментираат упатените.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG