Достапни линкови

Селективна правда и реваншизам


Освен „Космос“, колку градби во Скопје се изградени со пречекорувања, прашуваат експертите.
Освен „Космос“, колку градби во Скопје се изградени со пречекорувања, прашуваат експертите.

Експертите не спорат за аргументите на државата да постапува во случаите како А1 ТВ или случајот „Космос“, но прашуваат, што со извештаите и за други сомнителни случаи?

Се чини дека потезите на власта во случаите како телевизијата А1, каде има проблем со неплаќање данок како и со комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски кој може да биде урнат поради пречекорување на дозволата, не
Општ е впечатокот дека „раката“ на правдата или функционирањето на првдата се протега само кон оние кои дефинитивно мислат поинаку од актуелната власт.
успеваат да го потиснат впечатокот дека битката е селективна. Никој од правните експерти не спори дека државата има аргументација да постапува во случаите како овие каде има незаконско работње, но симптоматични се двојните аршини:

„Мое лично мислење без да навлегувам во материјална оцена на тоа дали и колку основано се водат овие постапки, општ е впечатокот дека „раката“ на правдата или функционирањето на првдата се протега само кон оние кои дефинитивно мислат поинаку од актуелната власт.“

Од случувањата во А1 ТВ

Во овој случај, Драган Малиновски, поранешен претставник на антокорупциската комисија, прашува на пример, што е со извештаите на Државниот завод за ревизија за злоупотреби на милионски суми од буџетот, но и за други иницијативи:

„Тука јас директно би го посочил случајот со РЕК Битола каде што имаме многу директори осомничени за милионски суми, а кои и ден денеска си одат на работа, не се знае до каде е постапката итн. Значи само сакам да направам една паралела од она што го имаме како селективно функционирање на правната држава кон одредена категорија, а од друга страна имаме еден пасивен однос кон очигледни сомневања за сторен криминал.“
Тука јас директно би го посочил случајот со РЕК Битола каде што имаме многу директори осомничени за милионски суми, а кои и ден денеска си одат на работа, не се знае до каде е постапката итн. Значи само сакам да направам една паралела од она што го имаме како селективно функционирање на правната држава.

Според зборовите на Ариф Муса кој исто така има искуство во работење во Комисијата, селективност во битката може да се види и во градежништвото. Укажувајќи на случајот со „Космос“, тој вели дека има многу објекти во Скопје кои се изградени со пречекорувања, но дека само некои се допирливи за правдата.

„Токму сега со легализацијата на дивоизградените градби, значи за некого е мајка, за некого маќеа. Проблем за државата е дека не ги третира сите субјекти и сите граѓани со ист третман, значи тие што се во власта воопшто не ги чепка.“

Дека корупцијата е присутна покажуваат и неколку примери на локално ниво. Антикорпциската комисија пред една година поведе иницијативи за поведување постапка за кривично гонење во некои општини каде имаше школски примери како не треба да се водат постапки. Во случаите како овие, тие велат дека дефинитивно самото поведување на иницијатива, а незавршувањето на самата постапка навистина треба да биде загрижувачка за Македонија како држава која претендира да биде дел од европското семејство, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG