Достапни линкови

Кина бара глобална соработка за должничката криза


Шефот на кинеската дипломатија Јанг Џиечи денеска оцени дека е потребна поголема сорабтка на земјите во светот во справувањето на растечките опасности од должничките проблеми во Соединетите држави и Европа. Јанг кој е во посета на Полска вели дека американската криза ескалира и побара од Соединетите држави да прифатат одговорна монетарна политика и да ги заштитат доларските инвестиции на другите земји. Во врска со должничките проблеми во Европа тој, без да наведе детали, вели дека Пекинг се уште ги поддржува Европа и нејзината валута еврото.
XS
SM
MD
LG