Достапни линкови

Хоџај: Србија ги користи тензиите за поделба на Косово


Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај за агенцијата Ројтерс изјави дека Србија се обидува да ги искористи зголемените тензии во северниот дел со цел да го оствари својот сон за поделба на Косово. Според Хоџај, доколку нема меѓународен притисок, реалноста е таква што поделбата на Косово ќе се случи. Хоџај верува дека тоа ќе ја отвори Пандорината кутија каде несигурноста, нестабилноста и насилството може да се прошират низ регионот во незамисливи размери.
XS
SM
MD
LG