Достапни линкови

Пентагон не прифаќа натамошни кратења


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека тој нема да прифати натамошни кратења на воените трошоци, наведувајќи дека тоа ќе ги ослаби Соединетите држави во однос на другите светски сили. Говорејќи на првата прес конференција како секретар за одбрана Панета оцени дека досегашните кратења биле доволни и оти се над тоа ја доведува под прашалник националната безбедност. Американските воени трошоци по нападите на 11 септември 2001 се зголемија за два пати и изнесуваат 20 насто од федералниот буџет. Соединетите држави во минатата година за одбрана потрошија околу 700 милијарди долари, што е многу повеќе од која друга земја во светот.
XS
SM
MD
LG