Достапни линкови

Клинтон бара сомалиските милитанти да ја пропуштат помошта за гладните


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон апелираше до исламистичките милитанти во Сомалија да им дозволат на хуманитарните агенции да влезат во зоните кои се под нивна контрола за да дистрибуираат харана за стотиците илјади луѓе на кои им се заканува глад. Милитантната група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда и која контролира поголем дел од јужна Сомалија соопшти дека таму немало глад и ја забрани хуманитарната помош на Црвениот крст. Се проценува дека од суша и глад во Сомалија умреле над 29 илјади деца под петгодишна возраст.
XS
SM
MD
LG