Достапни линкови

logo-print

Буџетот на Тирана празен, обвинува новата градска власт


Еди Рама

Еди Рама

Новата локална власт на Тирана ја обвини претходната дека ја оставила празна градската каса, јави МИА. Потпретседателката на општина Тирана Јорида Табаку обвини дека во првите шест месеци од годинава, општината предводена од тогашниот градоначалник Еди Рама, неконтролирано трошела и вршела трансфери на пари со што институциите се оставени без пари.
Она што е останато во буџетот не е доволно ни за плата на вработените, изјавила Табаку. Според неа, одвај биле исплатени јулските плати на вработените, а кога ќе бидат исплатени наредните, се уште не е познато.
XS
SM
MD
LG