Достапни линкови

Разговори на Саркози за состојбите во евро зоната


Францускиот претседател Никола Саркози денеска телефонски ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел и со шпанскиот премиер Хозе Луис Сапатеро, за состојбите во евро зоната. Тој доцна синоќа разговарал и со претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише.
До овие разговори доаѓа во време на општ пад на вредноста на индексите на берзите во светот, а долгоочекуваната акција на Трише за откуп на државните долгови на некои земји, не ги ублажи страхувањата од ширење на должничката криза во зоната на еврото.
XS
SM
MD
LG